Нејмар по втор пат во оваа сезона му носи победа на ПСЖ со гол во завршницата од натпреварот. „Светците“ го совладаа Лион а шоуто го приреди играчот кој ова лето сакаше да ја напушти Франција.

Бразилецот слично како и во пресметката со Стразбур, ја покажа својата раскошен фудбалски талент и успеа безмалку се сам да направи за да го совлада Лопес во 87 минута за трета победа во низа на шампионот на Франција.

Тухел побара од навивачите да најдат разбирање за ситуацијата во која се наоѓа управата но и самиот Нејмар и да го чекаат неговиот нов блесок.

Напаѓачот се покажа како клучен во дербито на шестото коло од Лига 1 а ПСЖ се зацврси на врвот со три бода предност пред Анжер.