Челси и покрај тоа што не искористи пенал преку Жоржињо во 14 минута, на пауза замина со предност од 1:0 на гостувањето кај Крајснодар во Лигата на шампионите.

Клучниот момент се случи во 37 минута, кога Хадсон Одои успеа да постигне гол благодарение на грешката на домашниот голман, Сафонов.

На вториот меч од воведниот термин, Башакшехир и ПСЖ одиграа без голови по првите 45 минути.