Во првиот меч од 24.коло од Ла Лига, Валенсија и Атлетико Мадрид ги поделија бодовите, откако одиграа 2-2.

Четата на Диего Симеоне поведе преку Љоренте, но домаќините се вратија во мечот со голот на Макси Гомез. Сепак, „јорганџиите“ за само една минута со голот на Томас дојдоа до нова предност и нов шок кај навивачите на Валенсија.

Домаќините до изедначување стигнаа во 59.минута кога на центаршут на Парехо најдобро се снајде Кондогбиа и ја проследи топката во мрежата на Облак.

По ова коло „лилјаците“ се 6-ти со 38.бода, додека Атлетико Мадрид е 4-ти со 40 освоени поени. За потсетување и двете екипи за само неколку дена ги очекуа настап во Лигата на шампиони.