Тотенхем победи со 1:0 против Евертон, но за островските медиуми и за навивачите на тимот од Лондон поважна е конфронтацијата меѓу Лорис и Сон во првото полувреме.

Пред стартот на вториот дел двајцата во тунелот се поздравија, ова очигледно се само дел од последиците по говорот кој го одржил Мурињо во соблекувалната за време на паузата.

Реакцијата на двајцата по завршувањето на мечот покажува дека можеби проблемите се надминати…