Интер ќе го дочека петото коло во Серија А како лидер, екипата на Антонио Конте е единствената во најсилното фудбалско првенство во Италија со максимален учинок од стартот на новата сезона.

Денешната победа над Милан од 2:0 на гостински терен дополнително ги потврди амбициите на клубот кој посакува оваа сезона да ја прекине доминацијата на Јувентус па сосема очекувана беше емотивната прослава на триумфот по завршувањето на миланското дерби.