Златан Ибрахимовиќ секогаш е интересен кога дава интервју или изјави, не знаете што да очекувате од него бидејќи е крајно непредвидлив.

Во последното интервју запрашан за квалитетот на МЛС лигата , Ибрахимовиќ изјави:

„МЛС не е на нивото на Европскиот фудбал, само сум искрен. Претходно играв со играчи на моето ниво или нешто послаби. Тоа помага играта полесно да се поврзе. Овде, јас сум како „Ферари“ меѓу „Фиати“ – вели Ибрахимовиќ.

Ибрахимовиќ минатата сезона дојде во МЛС лигата, одигра 43 натпревари, запиша 35 голови, на тоа придодаде  и 10 асистенции.