Во второто четвртфинале, Аргентина го совлада Венецуела со 2-0 и така си закажа дуел со Бразил во полуфиналето на Копа Америка.

„Гаучосите“ започнаа офанзивно од самиот старт, па уште во 10-тата минута беше отворен резултатот, кога напаѓачот на италијански Интер, Лаутаро Мартинез, со мајсторски потег ја смести топката во мрежата. Аргентинците продолжија со своите напади, но остана резултатот 1-0 на крајот од првото полувреме.

Второто полувреме започна со шутот на Мартинез кој заврши во пречката, по што Венецуела ја презеде контролата врз натпреварот. Најсомнителната ситуација која можеше да донесе целосен пресврт во натпреварот се случи во 66-тата минута, кога не беше досуден пенал во корист на Венецуела, по очигледниот прекршок на Фојт.

На 15 минути пред крајот на натпреварот, конечните 2-0 ги постави Ло Селсо, по ударот на Агуеро и неспретната реакција на голманот Фаринез.

Големото полуфинале помеѓу Бразил и Аргентина на програмата е на трети јули.