Фудбалерите на Копенхаген го елиминираа Селтик, по победата во Шкотска од 1-3.

Данците до големиот успех стигнаа во финишот на меч кога со погодоците на Биел и Н’Дое стигнаа до победа. За потсетување, првиот меч во Копенхаген заврши без победник 1-1.

Манчестер Јунајтед го одигра најдобриот меч сезонава во Европа Лигата, откако во реванш мечот го декласираа Бриж со 5-0. „Црвените ѓаволи“ пласманот понатаму го осигураа уште по првиот дел во кое имаа водство од 3-0.

Стрелци на головите за Јунајтед, беа Игало со својот деби гол, Мектоминеј, Бруно Фернандес и Фред кој беше автор на два гола.