Фудбалерите на Келн се израдуваа на бод во пресметката со Фортуна Диселдорф во 27 коло од Бундес лигата.

Гостинот преку Камарах дојде до предност по 41 минута. По ова Ут промаши пенал за домаќините па следуваше нова казна, Томи реализираше за 2:0 за Фортуна во 61 минута.

Резервистот Модесте намали на 1:23 во 88 минута а конечните 2:2 беа дело на Кордоба во 91 минута. Штета што на стадионот во Келн немаше гледачи, оваа завршница ќе беше многу поразлична доколку домаќинот имаше поддршка од трибините.