Фудбалерите на Ајнтрахт од Франкфурт го совладаа Унион Берлин со 2:1 во возбудлив натпревар од 13. коло на Бундес лигата.

Домаќините ги донесе во водство Швајцарецот Џибрил Соу во 22. минута од натпреварот.

Со минимална предност домаќините заминаа на пауза.

Сето тоа го промени Макс Крузе во 62. минута. Поранешниот играч на Вердер и Фенербахче беше прецизен од „белата точка“.

Домаќините сакаа и пенал во 85. минута откако падна Гонзало Пасионис, но судијата не мислеше така.

На крајот на сцена стапи Филип Костиќ кој во текот на целиот меч ги мачеше противничките стопери. На крајот упати карактеристичен центаршут кој го најде Ндику за ново водство во 95. минута од играта.

Петтата асистенција во сезоната на српскиот интернационалец беше доволна за три бода.

Ајнтрахт по 13. коло моментно е 12-ти со 18 бодови.