Реал Мадрид дојде на еден бод до лидерот Барселона во ла Лига откако го совлада Леганес со 5:0 во натпревар од 10 коло.

Родриго, Крос, Рамос и Бензема ги постигнаа воведните четири гола а конечните 5:0 ги постави Лука Јовиќ со својот прв гол во „Кралскиот“ дрес по трансферот ова лето.

Во следното коло Реал Мадрид го дочекува незгодниот Бетис додека Барселона ќе му гостува на Леванте.