Реал Мадрид не успеа да го совлада Бетис (0:0)во натрпеварот од 12 коло во Ла лига и со освоиениот бод само се израмни со Барселона на првенствената табела.

Враќањето на Лука Модриќ во почетниот состав на Зидан и доминацијата на домаќинот не беше крунисана со гол за победа.

„Кралевите“ доминираа упатија 22 удари кон голот на Бетис но не најдоа начин за да го совладаат расположениот Роблс.

Еден Азар постигна гол во 12 минута но беше поништен по прегледот на ВАР снимката поради офсајд.