Реал Мадрид го совлада Реал Сосиедад со 3:1 во натпревар од 13 коло од Ла лига и со ова се израмни по бројот на освоиени бодови со Барселона на врвот на табелата.

По киксот на Рамос во 2 минута и голот на Вилиан Хозе кралевите на полувреме заминаа со 1:1 благодарение на Бензема и неговиот 10 овосезонски гол во Ла лига.

Во второто полувреме, Влаверде со многу среќа му донесе водство на Реал од 2:1 во 47 минута а конечните 3:1 ги постави Лука Модриќ со прекрасен гол во 74 минута.