Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо ја доби престижната награда „Марка легенда“ која ја доделува токму популарниот медиум

.Причина за неговиот избор е феноменалната кариера како фудбалер и популарноста која ја остварува надвор од терените во светски рамки.

„Оваа награда ќе добие посебно место во мојот музеј. Мадрид е посебен. Токму ова е награда за тоа што го направив тука. Им се заблагодарувам на сите што ми помогнаа да стигнам тука. Горд сум на постигнатото. Се надевам дека набрзо ќе се вратам во Мадрид“, изјави Португалецот по приемот на наградата.

Со него на церемонијата друштво му правеа девојката Георгина Родригез, агентот Жорге Мендес и претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез.