Во Србија минативе неколку дена се одигра турнирот во чест на легендарниот фудбалски тренер Милан Миљаниќ, каде играа младински репрезентации, а меѓу нив беше и нашата Македонија.

Една од главните ѕвезди на овој турнир беше Александар Станковиќ, син на големиот Дејан Станковиќ, кој беше прогласен и за најдобар играч на турнирот, а два пати стрелаше и во финалето.

Прво беше прецизен од пенал, а потоа со една вистинска бомба од преку 20 метри ја скина мрежата на Црна Гора.

Голот погледнете го после 6:00: