Јувентус запиша минимална победа против Зенит во Русија, решавачки беше голот на Дејан Кулушевски во 86 минута за три бода од оваа средба.

Кулушевски погоди во финишот и донесе трета победа за „старата дама“ во Лигата на шампионите. Во оваа група Челзи ја победи екипата на Малме со 4-0.