Парма ја запиша петата победа, Рома вториот пораз во калчо лигата по средбата од  12 коло во најсилната фудбалска конкуренција на Италија. Головите се постигнати во второто полувреме.

Споркати и Корнелиус погодија за домашниот тим за триумф на „волчицата“ на „Енио Тардини. Парма со овие три бода сега е на 8. место со 17 бода, Рома со 22 бода е на 6. место.

Дејан Кулушевски ги одигра сите 90 минути, Рома со овој пораз ја заврши серијата од три победи во низа.