Прволигашот Македонија избори пласман во осминафиналето на национланиот Куп, откако попладнево на пенали беше поуспешен од второлигашот Победа.

Средбата во Ѓорче Петров заврши без голови, а домаќините беа поуспешни во пенал рулетот и славеа со 5-4.

 

Шкупи го елиминираше домаќинот Слога во Виница. Ренова немаше проблеми на гостувањето кај второлигашот Охрид, а лесно пречката ја мина и „фенерџијата“ во Првата лига Беласица на гостувањето против Росоман.

Македонија ЃП – Победа 0-0, (5-4 на пенали)

Охрид Лихнидос – Ренова 0-4

Силекс – Лабуништа 3-0

Пелистер – Љуботен 4-0

Саса – Борец 2 -2 (3-1 на пенали)

Гостивар – Тиквеш  5-0

Велазерими – Работнички 0-0 (3-4 на пенали)

Велешта – Кожуф 1-2

Слога Виница – Шкупи 1-2

Росоман –Беласица 1-5

Од 18 часот играат Кит Го- Скопје