Баварскиот гигант максимално го искористи киксонт на Лајпциг против Шалке (2:3) и се искачи на врвот на табелата во Бундес лигата.

Баерн Минхен успеа да го победи Падерборн на денешното гостување со 3:2 со головите на Гнабри, Кутињо и на Левандовски.

 

Со ова Баерн ја продолжи низата без пораз во новата сезона во најсилното фудбалско првенство на Германија, Падерборн остана на дното со скор од едно реми и пет порази.