Фудбалерите на Лацио ја запишаа четвртата победа во низа, 19 оваа сезона во Серија А по која се искачија на првото место на табелата со еден натпревар повеќе од Јувентус а два од Интер.

Лацијалите со головите на Алберто и на Кореа од првото полувреме ја совладаа Болоња со 2:0 и со ова напредуваа до лидерската позиија на табелата, место за кое многумина неутрални навиваат токму тимот на Инзаги да го освои во оваа сезона во елитата на Италија.

 

Во следното коло, Лацио ќе и гостува на Аталанта а Волоња ќе го дочека Јувентус.