Лацио запиша победа со 3-0 против Милан, натпревар од 33 коло во Серија А. Со головите на Кореа во 2 и 52 минута, Лацио стигна до комотна предност, победата ја потврди Имобиле во 87 минута кога ги постави конечните 3-0.

Клубот од Рим сега има 61 бод на шестото место, Милан остана на досегашните 66 бода, и падна на 5 позиција. Борбата за пласман на табелата во Лигата на шампионите во калчо лигата сега влезе во голема драма, Аталанта, Наполи, Јувентус, Милан па и Лацио имаат речиси подеднакви шанси за пласман во елитата на УЕФА.