Големото градско дерби меѓу Лацио и Рома заврши без победник.  Дуелот на двата клуба од Рим донесе два гола, по еден на двете страни (1:1) и покрај тоа што домаќинот доминираше и заслужи многу повеќе од бод.

Александар Коларов го отвори резултатот со гол во 17 минута од пенал а израмнување на Лацио му донесе Луис Алберто во 59 минута.

По две кола Рома сеуште нема победа во новата сезона во Серија А откако и во минатиот викенд одигра нерешено, тогаш на домашен терен против Џенова.