Фудбалерите на Лацио ја продолжија традицијата, по осми пат во низа славеа над Парма, седми во Серија А и по ова се искачија на второто место на табелата со бод помалку од лидерот Јувентус.

Единствениот гол на натпреварот го постигна Касиедо во 41 минута. Ова се покажа како доволно за тимот од Рим да ги освои трите бода.

За Парма ова беше втор пораз на последните пет натпревари по што останаа на десетото место на табелата.

Во следното коло, Парма ќе му гостува на Сасуоло а Лацио го дочекува Интер.