Римски Лацио ги запиша првите три бода во групната фаза во ЛШ, откако вечерва славеше на домашен терен против Борусија Дортмунд со 3-1.

„Лацијалите“ го отворија резултатот преку најдобриот стрелец минатата сезона во Серија А Чиро Имобиле во 6 минута, а до средина на полувремето го удвоија водството преку автоголот на Хитц.

 

Бундеслигашот возврати преку Халанд во 71 минута, но сите сомнежи околу победникот ги реши Акпро пет минути подоцна на асистенција на Имобиле.

Претходно во оваа група, Бриж славеше како гостин кај Зенит со 2-1.