Големото градско дерби на „Олимпико“  од 18 коло во Серија А, заврши со убедлива победа на Лацио од 3:0 против Рома, во натпревар на кој избраниците на Инзаги секоја шанса ја завршија со прецизен удар по голот на Лопез.

Имобиле го отвори резултатот во 14 минута по додавањето од Лазари.

На 2:0 зголеми Луис Алберто во 23 минута, асистент одново беше Лазари.

Конечните 3:0 неа дело на Луис Алберто во 67 минута.

Во следното коло Лацио ќе атакува на четрта победа во низа во Серија А против Сасуоло додека Рома ќе ги лечи раните со Специа.

Standings provided by SofaScore LiveScore