Фудбалерите на Лајпциг не успеаја да остварат триумф на гостувањето кај Келн – 1:1

„Јарците“ играат можеби подобро од очекуваното оваа сезона, и по пет одиграни натпревари се на високото шесто место со осум бода.

„Биковите“ останаа на 13 -та позиција со само четири бода.

Домаќинот дојде до првото водство во 53. минута а стрелец беше Ентони Модесте.

Израмнувањето дојде во 71. минута кога Амаду Хајдара искористи еден од бројните напади на гостинскиот тим.

Во финишот го сакаа целиот плен, но не успеаја да го освојат