Ирван Кавечи го шокираше Лајпциг во натпреварот од 5 коло од групната фаза во Лигата на шампионите откако постигна хет трик за Башакшехир, но вистинската драма се случи во 92 минута кога Сорлох постигна гол за гостите за победа од 4:3 во Турција.

Со ова Лајпциг сиги зголеми шансите за пласман во осминафиналето иако доста работи ќе зависат од исходот на дербито на „Олд Трафорд“ меѓу Јунајтед и ПСЖ.

Краснодар го совлада Рен со 1:0 и со ова обезбеди голема предност во однос на французите во битката за третото место на табелата во групата Е кое води во Лигата на Европа.