Фудбалерите на Лајпциг продолжуваат да вршат притисок над Манчестер Јунајтед и ПСЖ кои вечерва ќе играат во дербото на колото во Х групата од Лигата на шампионите.

По провото полувреме Лајпциг води кај Башакшехир со 2:1 и ако победи ќе има 9 бода па за пласман во осминафиналето сам ќе решава против Јунајтед во последното коло.

На вториот натпревар вечерва од воведниот термин на ЛШ, Краснодар и Рен по првото полувреме одиграа без голови.  Овие два тима за борат за третото место на табелата во групата Е кое води во Лигата на Европа.