Првиот меч од Германската Бундес лига во рамките на 30.коло донесе изненадување.

Екипата на Лајпциг загуби од Келн и со тоа се збогуваа со шансите за титула во германската прва лига.

Домаќините поведоа со голот на Хектор во 46. минута. На 1-1 израмни Хајдара во 59. минута, но само минута подоцна Хектор со својот втор гол ги постави конечните 2-1.

Лајпциг во моментов е на втората позиција на првенствената табела со 61 бод, односно седум помалку од лидерот Баерн Минхен кој својот натпревар го игра во моментов и со оглед на фактот што до крајот остануваат четири натпревари , тешко дека ќе може да го предизвикаат актуелниот првак.