Лондонски Арсенал ја запиша втората победа во новата сезона на Премиер лигата. Со резултат од 2-1 беше совладан тимот на Барнли, во натпревар во кој „топџиите“ доминираа во текот на сите 90 минути, ја имаа контролата врз играта, креираа многу шанси и постигнаа само два гола.

Арсенал уште од самиот старт тргна фуриозно и преку фантастичниот Лаказет во 13. минута стигна до водство од 1-0. Сепак, гостите по една одлична тимска акција во самиот финиш од првиот дел израмнија преку Барнс.

Во 64. минута Обамејанг уште еднаш потврди дека е во вистинска форма на стартот од сезоната и со прекрасен погодок ги постави конечните 2-1.