Арсенал ја победи Славија Прага во Лигата на Европа со убедливи 4:0 на гости, а потегот на натпреварот не беше феноменален погодок, туку нешто што се случи пред првиот свиреж.

Имено, црномурестиот француски напаѓач Александре Лаказет клекна пред играчите на чешкиот тим и испрати порака против расизам и дискриминација, а тоа го стори затоа што вчера фудбалерот на Славија, Ондреј Кудела беше казнет со десет натпревари неиграње поради расни навреди против играчот на Ренџерс, Глен Камара.

Да потсетиме, инцидентот се случи на натпреварот од осминафиналето, а Камара потоа го обвини Кудела за навреда од расна основа, а истрагата утврди дека тој ја кажува вистината.