Фудбалерите на Славија Прага одбија пред првиот натпревар од четвртфиналето од Лигата на Европа на гости во Лондон кај Арсенал, да клекнат во знак на поддршка на движењето „Black Lives Matter“, но и во знак на поддршка против расизмот во спортот.

Иако такви случаи веќе имаше, сега се сметаше посебно контроверзно бидејќи тоа се случи во моменти кога нивни играч беше обвинет за груби расистички навреди кон фудбалер со темна боја на кожа. Во прашање е Ондреј Кудела, кој на реваншот осминафиналето против Ренџерс на Глен Камара му кажа:

„Ти си мајмун, знаеш дека си!“

Шкотската полиција покрена постапка против Чехот поради расистички напад, па на Кудела му се заканува и казна затвор од шест месеци.

УЕФА го суспендираше десет натпревари. Кудела призна дека вербално го нападна Камара, но негираше дека навредите биле поврзани со бојата на кожата на фудбалерот.

Поради суспензијата ги пропушти двата меча со Арсенал, но медиумите пишуваат дека сите фудбалери на Славија добиле јасна порака. А Лаказет покрај двата постигнати гола, потегот на мечот го направил пред неговиот почеток кога клекна пред фудбалерите на тимот од Прага.