Франк Лампард е новиот тренер на Челзи.

Се уште се чека официјалната потврда на клубот, но медиумите пренесуваат дека доколку некој си замине од клубот во 1:30 по полноќ, по шест часа, тешко дека може да се очекува нешто друго освен финализирање на преговорите.

Лампард во Челзи доаѓа на 41 година, колку што имаше и Жозе Мурињо во првиот мандат на клупата на „сините“. Па оттука не е ни чудно што неофицијалниот прекар на Лампард, веќе е „Новиот Мурињо“.