Жозе Мурињо очекувано беше нервозен по последниот свиреж во Лондон откако неговиот Тотенхем му дозволи на Вест Хем да освои бод во натпреварот од 5 коло.

Тотенхем одлично го започна натпреварот, по 16 минути водеше  со 3:0 со двата гола на Кејн и оној на Сон од воведната минута.

 

На ова следуваше неверојатен одговор на Вест Хем, 82 минута поентираше Балбуена, Санчез си постигна автогол во 85 минута а Ланзини со неверојатен гол му донесе бод на гостинот во 94 минута.

За Тотенхем второ деби во кариерата имаше новото засилување Герет Бејл кој не се прослави откако пропушти одлична шанса пред крајот за 4:2.