Интер славеше против Рома со 3:1 но натпреварот остана во фокусот на навивачите поради однесувањето од Лаутаро Мартинез.

Аргентинецот влезе во игра во 35 минута, на местото на повредениот Санчез, но потоа Конте реши да го повлече пак на клупата во 77 минута и да го внесе Пинамонти.

На ова следуваше непристојна реакција од Лаутаро и опомена од Конте: Имај малку почит, на кого се лутиш, ова никогаш повеќе да не го повториш пред мене!