Напаѓачот на Интер, Лаутаро Мартинез го искажа своето незадоволство кога беше повлечен од игра во дуелот со Џенова.

Аргентинецот беше повикан на клупата а на неговото место влезе Пинамонти. По ова следуваше бурна реакција од фудбалерот кој се поврзува со заминување од Интер.

Интер ја совлада Џенова со 2:0 а Антонио Конте по мечот одби да го коментира однесувањето на Лаутаро.