Интер има минимална предност против Борусија Дортмунд по првото полувреме во дербито на вечерта во Лигата на шампионите на УЕФА.

Лаутаро Мартинез успеа да искористи една шанса во 25 минута по додавањето од Де Вриј и да ја израдува домашната публика.

За Лаутаро ова е пети овосезонски гол во 9 натпревар во сите конкуренции за Интер.

На вториот меч од оваа група Барселона води на гостувањето кај Славија Прага по првото полувреме со 1:0 со голот на Лионел Меси.