Аргентинскиот дефанзивец Пабло Забалета објави дека се повлекува од фудбалот, по 18 години минати на теренот.

35-годишниот Аргентинец одигра 58 натпревари за својата земја, а на клупско ниво ги носеше дресовите на Сан Лоренцо, Еспањол, Манчестетр Сити и Вест Хем.

Своите ѕвездени моменти во кариерата ги имаше во Сити каде настапуваше девет години и освои две шампионски титули.

Ценети пријатели!. По 18 години како професионален фудбалер решив да се откажам од фудбалот. За мене тоа беа чудесни години во кои се насладував на уникатни и незаборавни моменти“, напиша Забалета во прошталното писмо од фудбалските терени.