Хрватскиот фудбалски тренер, Мирослав Чиро Блажевиќ доживеал сообраќајна несреќа вечерва во Загреб.

Според првичните информации кои ги пренесуваат медиумите од Хрватска, Блажевиќ има повреди на главата и морал да биде префрлен во болница.

„Возачот помина и покрај знакот стоп и ме удри. Морам да одам во болница, потресен сум, имам голема џумка на главата, автомовилот е искршен.“ – изјави Блажевиќ.

Покрај повредата на главата Блажевиќ, имал повреда и на рамото. Повеќе информации се очекуваат утре.