Колумбиецот Рене Игита, еден од најпознатите голмани на сите времиња, мораше да се ишиша.

Долгата витката коса со години е заштитен знак на 52 годишниот Игита, но сега остана без неа поради облог.

Игита се обложил дека Колумбија ќе ја освои Копа Америка, а влогот бил неговата коса. Кога Колумбијците изгубија во четвртфиналето од Чиле, Рене заминал на шишање.

Преку социјалните мрежи пристигнале голем број пораки со молба тој да се предомисли, но принципиелниот спортист одговорил дека облогот е облог.