Продолжи низата без победа на „Топџиите“ во Премиер лигата откако на гостувањето кај Норвич одиграа 2:2 во натпревар од 14 коло.

Фреди Љумберг мора да биде задоволен од освоениот бод во деби натпреварот за него на клупата на Арсенал.

Домаќинот два пати водеше, преку Пуки во 21 минута и преку Калдвел во 45 минута. Обамејанг ги постигна двата гола за Арсенал во 29 минута од пенал и во 57 минута.

 

Берн Лено беше херојот за Арсенал откако успеа да одбрани три неверојани топки во завшрните десет минути од натпреварот.

На вториот меч одигран од терминот од 15 часот. Вулвехемптон и Шефилд Јунајтед ремизираа 1:1.