Фудбалерите на Лестер го совладаа Челси со 2:0 и напредуваа на првото место на табелата во Премиер лигата со натпревар повеќе од Јунајтед и два од Сити.

Головите на Ндиди и на Мадисон од првото полувреме се покажаа како доволни за „Лисиците“ да го совладаа фаворизираниот состав на Лампард кој денеска немаше среќа со ВАР, поништен пенал во првиот дел и поништен гол на Вернер во 86 минута.

Во следното коло Лестер гостува кај Евертон а Челси го дочекува Вулвс.

Standings provided by SofaScore LiveScore