Њукасл немаше капацитет да се носи со расположениот Лестер а работите дополнително ги искомпликува црвениот картон на Хејден во 43 минута.

Переира ја начна победата на домаќините од 5:0, Варди постигна два гола, Думет еден автогол а конечниот резултат го постави Ндиди во судиското надополнување.

Со ова Лестер предводен од Варди не потсети на шампионската сезона во која момците тогаш предводени од Раниери стигнаа до титулата.

Лестер со оваа победа се искачи на третото место со 14 бода, два повеќе има второпласираниот Манчестер Сити.

За Њукасл ова беше четвртиовосезонски пораз по кој останаа во зоната за испаѓање.