Во последниот натпревар од 29. коло на Премиер лигата, екипата на Лестер извојува убедлива победа против Астон Вила, која ја совлада со резултат 4:0.

По два гола на средбата постигнаа Харвеј Барнес, во 40. и во 85. минути, и Џејмс Варди во 63. и 79. минути.

По два едноподруго порази, Лестер дојде до својата 16-та победа, со која остана цврсто на третата позиција во Премиер лигата.

.
.
.