Екипата на Манчестер Сити и официјално е нов шампион на Англија.

Тимот на Пеп Гвардиола иако не играше денес , ја официјализираше титулата во Премиер лигата откако екипата на Лестер го победи Манчестер Јунајтед на гости со 2-1 и со самото тоа го откажа и единствениот претендент кој го имаше тимот на Сити.

„Лисиците“ го отворија резултатот преку Томас во 10. минута, но израмнувањето стигна само пет минути подоцна кога Гринвуд погоди за 1-1.

Турскиот репрезентативец Сончу во 66.минута постигна гол за водство од 2-1 што се покажа како конечен резултат.

Лестер со оваа победа се искачи на третата позиција на табелата и сега има 66 бодови, односно четири помалку од второпласираниот Јунајтед, додека Челси е четврти со 64 бода.