Фудбалерите на Лестер ја продолжија победничката серија, откако славеја на гостувањето кај Астон Вила со 1-4.

Човек на одлука повторно беше Џејми Варди кој сезонава под палката на Роџерс игра како препороден. Англичанецот беше стрелец на два гола, а покрај него мрежата ја тресеја и Џони Еванс и Ихеначо. За лисиците ова беше 8.триумф во низа, а за пораз не знаат од мечот со Ливерпул, натпревар кој се одигра на 5.октомври годинава.

Лестер со оваа победа останува во трка за шампионската титула со тимот на Ливерпул, кој сепак има големи 8.поени предност во однос на избраниците на Брендон Роџерс.