Лестер Сити наредната сезона би можел да се појача со германски репрезентативец. Како што јавува Тутомеркато, англискиот тим се подготвува да го ангажира Робин Госенс, кој игра одлично во дреост на Аталанта.

Клубот на Брендан Роџерс понудил 25 милиони евра плус бонуси, надевајќи се дека со рана понуда, пред крајот на сезоната, ќе го обезбеди потписот на одличниот дефанзивец.

Меѓутоа, тука има два услови за овој трансфер да стане реалност.

Едниот е да не стигне повисока понуда за 26 годишниот фубалер од трите други заинтересирани клубови- Јувентус, Атлетико Мадрид и Борусија Дортмунд, а вториот Лестер да обезбеди пласман во Лигата на шампионите, што е реално со оглед на тоа што се трети на табелата во Премиер лигата.