Во рамки на Премиер лигата, вечерва ремизираа екипите на Саутемптон и Лестер.

Иако домашната екипа доминираше на теренот, сепак на крајот епилогот беше по еден постигнат погодок во обете мрежи.

Саутемптон поведе во 61. минута, кога Ворд-Праус беше прецизен од белата точка, но кратко потоа односно во 68. минута, Еванс успеа да постигне погодок за реми и конечен резултат.