Баерн Минхен потешко од очекуањата со 3-2 славеше над последнопласираниот Падерборн во првиот меч од 23.коло од Бундес лигата.

Повторно херој за „баварците“ беше Роберт Левандовски кој постигна два погодоци, од кој вториот беше решавачки за победа. Германскиот гигант рано го отвори мечот со голот на Гнабри, но во финишот на првиот дел Нојер киксираше и гостите на полувреме заминаа со нерешен резултат.

Во вториот дел Левандовски по втор пат ги доведе во водство домаќините, но Падерборн за само пет минути се вратија во игра. Решавачкиот момент се случи во 86 минута кога Левандовски ја обезбеди победата за тимот од Минхен.

Со оваа победа Баерн ја зголеми предноста на лидерската позиција во однос на Лајпциг на четири поени, но имаат и натрпевар повеќе.