Баерн Минхен славаше со 2:0 на гостувањето кај Унион Берлин во 26 коло во Бундес лигата, прво по паузата поради Ковид-19.

Левандовски го отвори резултатот во 40 минута со гол од пенал, конечните 2:0 беа дело на Павард во 80 минута.

 

Со оваа победа Баерн Минхен ја задржи предноста од 4 бода пред Борусија Дортмунд. Во следното 27 коло Баварците ќе го дочекаат А. Франкфурт, додека „Милионерите“ ќе му гостуваат на Волфзбург.